Извлечен „Пауербол“ џекпот од 338 милиони долари во Њу Џерси

Од:

Џекпот на американската лотарија „Пауербол“ во вредност од 338 милиони долари е извлечен во Њу Џерси, соопшти денеска официјален претставник на лотаријата.

Добитник на џекпотот е едно среќно ливче од Њу Џерси.

Пред извлекувањето вредноста на џекпотот беше проценета на 320 милиони долари, но по пресметување на продажбата добивката се искачи на 338 милиони долари, што е четврта најголема „Пауербол“ награда досега.

„Пауербол“ лотаријата, под ова име постои од 1992 година и се игра во 42 американски сојузни држави, објави Ен-Би-СИ Њус.

Најголемиот џекпот во историјата на „Пауербол“ изнесува 587,5 милиони долари, но тогаш беа извлечени две добитни ливчиња во Аризона и Мисури.

Би можело да ве интересира

Камионџија добил три пати на лотарија за само 11 месеци

Постигната 7-ка во Кичево, вредна над 500.000 евра

Милиони Американци во надеж: Добивката на Мега милионс над милијарда долари

Предраг Петровиќ

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер овозможено од www.loto.mk

Ана Ололовска

Последното BMW X1 од бонус играта „Заврти еко скутер тркало“ ќе се вози низ Скопје

Ана Ололовска

Славиме за 7-ка вредна 27,385,728 денари во градот Кочани

Ана Ололовска