Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Музеј на Град Скопје

Од:

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на слики од ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов, кој по повод 30 години од своето творештво ќе претстави 17 најнови дела.

– Во сликите на Хаџи-Николов женското тело ја репрезентира идеалната убавина, хедонизмот и прославувањето на животот. Најновите слики, како и претходните, претставуваат апсолутна хипостаза на женското тело и апотеоза на неговата телесна убавина и еротска сензуалност. Тој во своите слики ја обновува идејата за убавината која овозможува препознавање на убавите нешта во уметноста и во природата, најавува  организаторот на изложбата.

Хаџи-Николов завршил на Педагошката академија во Скопје, група ликовно воспитување, во 1975 година. Од 1982 до 2012 имал над 50 самостојни изложби во Македонија и во светот. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Голем број негови дела се дел од приватни колекции.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска