Избрани најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година

Од:

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, агенција за анализа квалитетот на услугата, 14-ти пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, во главниот град.

Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се:

Категорија ресторани

1 место: Пелистер

2 место: FOUR

3 место: CARPE DIEM

Категорија гостилници

1 место: Дебар маало

2 место: Градска кафеана – Кај Јоле

3 место: Дукат

Категорија Lounge и мезе барови

1 место: ДISTRIKT BAR &KITCHEN

2 место: Public room

3 место: SOUL KITCHEN

Категорија кафулиња

1 место: Mr. Jack

2 место: CHILLIN’ BAR

3 место: DEUS

– Агенцијата ангажираше тајни купувачи, кои ги посетија угостителските објекти, избрани по случаен избор во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, а потоа следуваше сумирање на резултатите. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи, при што беа посетени 173 угостителски објекти, соопшти Град Скопје.

Квалитетот на услугата се оценуваше според девет елементи:

Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување)
Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени)
Ковид критериуми- (носење заштитна маска, растојание на маси, средства за дезинфекција)
Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки)
Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика)
Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување)
Општа услуга – (асортиман, соодветно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка)
Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус)
Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување)

Од Град Скопје соопштија дека и оваа година доделувањето на плакетите се одржа согласно протоколите за Ковид-19, односно со ограничен број на лица, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он