Првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп е во Загреб на приватна клиника за корекција на видот.
Ивана Трамп е нова светски позната личност кој одлучила своите очи да им ги довери на хрватските стручни лица.
“За врвната офтамолошка клиника во Загреб, моите пријатели од Њујорк, кои веќе беа тука и кои имаат само пофални зборови за службата и експертите, ми кажаа дека нивното работење целосно го подигна квалитетот на животот и чекав погоден момент да го направам овој чекор.”, рече Ивана Трамп по операцијата.
Таа додаде дека операцијата е брза и безболна и дека сега не мора да користи очила.
“Имам сосема поинаков и поубав поглед на светот што сега ќе го откривам”, додаде Ивана Трамп.