Ивана открива како е да се биде во брак со Доналд Трамп

Од:

Новата книга на Ивана Трамп, поранешната сопруга на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп открива детали за нивниот заеднички живот, вклучувајќи го и разводот.

Ивана Трамп со Доналд беше во брак од 1977. до 1992. година, а во книгата „Одгледувањето на Трамп“, пишува дека уште во декември 1989. година знаеле дека нивниот брак е пред крај.

– Ми пристапи една русокоса и ми кажа: ‘Јас сум Марла и го сакам твојот сопруг. Ти го сакаш?‚ и ѝ одговорив дека го сакам и ја избркав. Не се однесував како дама, но бев шокирана, пишува Ивана Трамп во својата книга.

Доналд Трамп имаше јавна афера со Марла Мејплс на почетокот на деведесеттите, а по разводот со Ивана, Доналд се ожени со Мејплс во 1993. година.

Поранешната сопруга на Трамп во книгата се потсеќа дека било навистина „лудо“ како при секое пуштање на телевизорот го слушала нејзиното име.

Во поголемиот дел од книгата, Ивана Трамп се присеќа на своето детство во Европа, почетокот на манекенската кариера во Њујорк и го опишува запознавањето со Доналд Трамп.

Според нејзините зборови, тој им обезбедил маса во некој луксузен ресторан на Менхетен на неа и нејзините пријателки, ја платил сметката и испратил лимузина да ја врати во хотел.

– Инстиктите ми рекоа дека Доналд е паметен и духовит, пишува Ивана во книгата.

Би можело да ве интересира

Откриена причината за смртта на Ивана Трамп

Ана Ололовска

Почина првата сопруга на Доналд Трамп, Ивана

Ана Ололовска

Ивана Трамп од градоначалникот на Загреб посака повеќе бакнежи

Ивана Трамп на операција во Хрватска

Татјана Ташкова