Италијанскиот рокер Давид сепак не се дрогирал, тестот испадна негативен

Од:

Контроверзите околу снимката од Евровизија на која изгледаше дека пејачот на победничкиот бенд шмрка кокаин, сепак се покажаа како неоправдани, откако НегЕвропската радиодифузна унија (ЕБУ) вечерва соопшти дека тестот за дроги кој му беше направен на фронтменот на групата „Манескин“, Дамијано Давид, е негативен.

„По обвинувањата за користење дрога во Зелената соба за време на големото финале на „Евросонг“ во саботата, ЕБУ, како што побара италијанската делегација, темелно ги согледа фактите, што вклучи и проверка на сите достапни снимки. Фронтменот на групата „Манескин“ прифати да направи тест, а резултатот е негативен“, соопшти ЕБУ.

Европската радиодифузна унија додаде дека случајот го смета за затворен.

„Вознемирени сме што неточните шпекулации кои создадоа лажни вести го засенија духот и исходот од изборот и имаа нефер влијание врз групата. Уште еднаш им честитаме на ‘Манескин’и им посакуваме огромен успех“, соопшти ЕБУ.

Обвинувањата за користење дрога се појавија поради кадар од ТВ-преносот, од кој изгледаше како пејачот да се наведнува кон масата и да шмрка, но немаше начин тоа да се докаже или да се негира. Прашан за случајот, Давид претходно одговори дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе.

Претходно денеска, за италијанските медиуми пејачот изјави дека „не е до толку глупав за да користи дрога пред камерите“.

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он