Жените откако ќе напуштат тоалет потемелно ги мијат рацете во однос на мажите, се вели во резултати од истражување на Универзитетот СРХ во германскиот град Хајделберг.
Според истражувањето, 11 отсто мажи воопшто не ги измиле рацете по заминување од тоалет, како ни три отсто жени.
Вода и сапун користеле 82 отсто жени, но само 51 отсто мажи.
Во истражувањето се додава дека само осум отсто жени и мажи кои биле набљудувани во јавни тоалети, ги измиле рацете на тој начин.
Седум отсто не ги измиле рацете, 27 отсто само со вода ги наквасиле рацете, а 58 отсто користеле сапун и вода, но рацете не ги измиле доволно темелно.
Во претходно истражување на сојузна канцеларија за здравство од 2013 година било утврдено дека 95 отсто мажи одговориле дека „речиси секогаш“ мијат раце по употреба на тоалет, а таков одговор дале и 98 отсто жени.