Истражување: Речиси 50 отсто од Американките изневерени во пандемијата

Од:

Безмалку 50 насто од жените во САД биле изневерени од партнерот за време на пандемијата на коронавирусот, посочуваа едно неодамнешно испитување.

Податоците ги објави интернет-страницата dating.com и во анкетата учествувале 2.000 луѓе. Прашањето било – дали биле изневерени во периодот од март, за време на карантинот, па до денес?

Дури 55 проценти одговориле потврдно. Според полот, 45 отсто се жени, а 15 отсто се мажи. Во однос на причините за неверство, една третина велат дека биле измамени затоа што нивниот партнер /-ка почувствувал /-а стари искри со својот поранешен /-на, додека 20 насто од испитаниците рекле дека тоа се случило со нов познаник /-чка.

Марија Саливан, ко-сопственичка на dating.com, смета дека карантинот е одличен тест за паровите. Некои ја зајакнуваат врската и се запознаваат уште подобро, додека некои сфаќаат дека не се еден за друг. Истражувањата покажуваат дека многумина се обратиле на интернет-страници за средби и запознавања во овој така тежок и предизвикувачки период.

Двајца психолози од Универзитетот во Тенеси, исто така, неодамна објавија труд околу тоа дека стресот при пандемијата уништува дел од врските.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ