Истражување: Мачињата и кучињата го убиваат стресот

Од:

Само 10 минути дружење дневно со своето милениче – маче или куче може значително да го намали стресот, односно хормонот што го предизвикува, покажа истражување во кое учествуваа 294 студенти, а го спроведе Вашингтонскиот државен универзитет.

Статијата објавена во списанието „АЕРА оупен” го образложува намалувањето на нивото на кортизол – хормон на стрес, низ експеримент на реална интервенција, а не во лабораториски услови.

Учесниците во испитувањето биле поделени во четири групи, по принципот на случаен избор. Првата група имала практична интеракција со маче или куче што траела 10 минути. Втората група имала задача да ги набљудува другите што си играле со миленичето. Третата група гледала слики од тие животинчиња во низа, а пак, четвртата група само требало „да чека”, без да учествува или да ги гледа останатите.

Потоа, како и претходно низ целиот ден, стручните лица го испитале нивото на кортизол кај секој од учесниците.

Резултатите покажале дека оние испитаници кои си играле со миленичињата, имале значително пониско ниво на кортизол по таа 10-минутна „задача“, истакнува Патриша Пендри, доцент од Одделот за човеков развој при Вашингтонскиот универзитет.

– Студентите од нашето истражување, коишто непосредно се дружеа со мачиња и кучиња, имаа најголемо намалување на кортизолот, што е основен хормон на стресот, смета таа.

Следниот чекор во испитувањето е спроведување на четиринеделна програма за спречување стрес, со помош на домашни миленичиња.

Би можело да ве интересира

Нов тип на ХИВ откриен за првпат по 19 години

Татјана Ташкова

Откриен ген одговорен за појава на аритмија кај човекот

Ана Ололовска

Повеќе сакате слатко или солено? Одговорот ќе ви открие дали имате предиспозиции да се здебелите во иднина

Ана Ололовска

Кучиња – спас од срцев удар и од мозочнен удар

Татјана Ташкова

Влијанието на телевизорот и компјутерот врз детето

Ана Ололовска

Осаменоста е поштетна по здравјето од пушењето цигари

Ана Ололовска