Истражување: Денешните деца ќе преживеат поголеми природни катастрофи во споредба со нивните дедовци

Од:

Децата ширум светот ќе доживеат повеќе горештини, поплави и суши во животот отколку нивните баби и дедовци, се наведува во студијата на организацијата Спасете ги децата (Save The Children).

– Денешните деца во просек ќе доживеат седумпати повеќе топлотни бранови и речиси трипати повеќе поплави, суши и уништени посеви поради забрзување на климатските промени, се истакнува во студијата.

Истражувањето укажува дека луѓето во земјите со низок и среден приход ќе бидат најтешко погодени, при што децата во Авганистан најверојатно 18 пати повеќе ќе страдаат од топлотни бранови од денешните возрасни, а децата во Мали ќе претрпат десетпати повеќе уништување на посевите.

Во студијата, реализирана од Спасете ги децата во соработка со климатолозите на Слободен универзитет во Брисел, се истакнува дека децата родени на почетокот од 21 век ќе доживеат екстремни временски настани во споредба со лицата родени во 60-тите години од 20 век.

Резултатите од истражувањето објавени се во „Сајнс магазин“ (Science Magazine).

– Климатската криза во суштина е криза за правата на децата истакна извршниот директор на Спасете ги децата, Ингер Ашинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Руска политичарка по бикини прави „ангел“ во снегот

А1он

Девојка која „се омажи“ за себе, сега се разведува

Ана Ололовска

Бабичка изгорела 2.900 евра поради страв од Ковид-19

Ана Ололовска

Музеј на пропаднати врски во Загреб

Ана Ололовска

Патник оставен од сопругата на автопат во Германија

Ана Ололовска

Џесика Рабит добива нов, политички коректен лик

Ана Ололовска