Исланѓаните го слават Националниот ден на пивото

Од:

На Исланд денеска се одбележува Националниот ден на пивото. На денешен ден во 1989 година укината е повеќедецениската забрана за купување и пиење пиво.

Пивото на Исланд беше забрането дури 74 години, додека другите алкохолни пијалаци можеа да се купат легално.

Забраната беше рецидив од прохибицијата од 1915 година, кога народот забраната за алкохолни пијалаци ја изгласа на референдум.

– Злоупотребата на алкохолот на Исланд е голем проблем, еден од десет мажи, постари од 15 години барем еднаш во животот бил на рехабилитација, соопшти исландскиот Центар за лекување на зависности.

Поради тоа алкохолните пијалаци се оданочени со висока стапка, така што една лименка пиво чини девет долари, а шише водка „Смирноф“ – 67 долари.

На 2 март 1989 година е укината забраната за пивото, а тоа беше одбележано во сите четири барови во Рејкјавик, а 260.000 жители ја прославија „слободата“ со 340.000 лименки пиво.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски