Ирска меѓу најпосакуваните туристички дестинации во 2020 година

Од:

Уште еден град во Ирска е прогласен за една од топ светските туристички дестинации. Порано оваа година, Галвеј беше прогласен за еден од најатрактивните градоови за посета во 2020 година, а сега и Корк.

Главниот град на округот Ребел, Корк, според туристичкото списание „Days to Come“ е меѓу првите шест најдобри дестинации за хипстери во 2020 година.

Корк е рангиран на четвртото место зад Викторија во Канада, Неапол во Италија и Наказакичо во Осака, Јапонија. Сепак, локацијата беше прогласена за попривлечна за туристите со „слободен дух“.

Според списанието Корк има одлична гастрономска понуда, како и бројни пивари и голем број на квалитетни фестивали. Сепак, останува прашањето зошто станува збор за рај за хипстери?

Имено, овој град има уникатни, уметнички населби кои на сите посетители им нудат културна содржина преполна со мешавина од историја и ирска традиција и автентична и ненадминлива градска авантура.

Опера Хаус, Уметничката галерија Крафорд и Француската црквенаа улица се конкретно споменати во прегледот на „Days to Come“.

Што се однесува до најдобро време за посета, тие го препорачуваат периодот од мај до август, но и есенските и божиќните периоди, пишува „Evoke“.

Би можело да ве интересира

Сингапур, Хелсинки и Цирих се „најпаметните“ градови

Ана Ололовска

Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители

Ана Ололовска

Исланд – земја на геолошки чуда и мост меѓу два континента

Ана Ололовска

Тајланд се насочува кон „затворскиот туризам“

Ана Ололовска

Како фејсбук групата „Туризам во Македонија“ започна неформална промоција на убавините

Ана Ололовска

Сурфањето на ветер се поатрактивен спорт во Охрид

Ана Ололовска