„Ирецот“ е најдобар филм за годинава, според њујоршките филмски критичари

Од:

„Ирецот“ (The Irishman) на режисерот Мартин Скорсезе е прогласен за најдобар филм за 2019 година од страна на Организацијата на њујоршките филмски критичари. Џо Пеши е најдобар спореден глумец за истиот филм.

Македонскиот документарен филм „Медена Земја“ ја доби наградата за најдобар документарец.

Други поважни награди:

Најдобра главна машка улога: Антонио Бандерас за улогата во „Болка и слава“ (Pain And Glory).

Најдобра глумица: Лупита Њонго за „Ние“ (Us).

Најдобар режисер: Џош и Бени Сафди за филмот „Небрусени камења“ (Uncut Gems).

Најдобра споредна женска улога: Лора Дерн, за два филма: „Приказна за бракот“ и „Мали жени“ („Marriage Story“ и „Little Women“).

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Паразит“.

Најдобар прв филм: „Атлантик“ (Atlantique).

Би можело да ве интересира

Закажана премиерата на новата серија под наслов „Живи мртовци“

Ана Ололовска

Во Њујорк се отвора најголемата Хари Потер продавница во светот

Ана Ололовска

Супермоделот Џиџи Хадид сака да биде поротник во случајот против продуцентот Вајнштајн

Ана Ололовска

Избор на критичарите: најдобар филм е „Беше еднаш во Холивуд“

Ана Ололовска

Џенифер Лопез прекрасна во сино

Ана Ололовска

Расте бројот на режисерки во Холивуд

Ана Ололовска