Интернет расправија меѓу Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Од:

Глумицата Меган Фокс смета дека нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин е „затруен“ со тоа да ја претстави како „отсутна мајка“, како што самата вели.

Имено, Грин на Инстаграм викендов објави слика од себеси и нивниот тригодишен син маскирани за Ноќта на вештерките. Тоа ја разгоре дискусијата меѓу поранешните сопружници околу тоа дека Грин смета оти децата „не се доволно присутни“ на неговите јавни профили, што Фокс го протолкува како „порака меѓу редови“.

– Ти си толку затруен од потхранувањето на сеопштиот наратив дека јас сум отсутна мајка, а ти си големиот, вечно посветен татко на годината. Го имаш половина од времето. Честитки, ти си навистина извонреден човек! Зошто ти е потребен интернетот за да ти потврди дека децата те сакаат?, напиша таа во еден коментар.

Кусо потоа, Грин ја избриша објавата.

Грин и Фокс имаат три сина: Ноа Шенон (8), Боди Ренсом (6) и Џурни Ривер (3). На почетокот на годинава двојката објави дека се разделуваат, по што Фокс ја објави својата љубовна врска со раперот Машинган Кели.

Грин го има и 18-годишниот син Касиус со Венеса Марсил, која, пак, кусо по расправијата, се чини, ја поддржа Фокс.

– Како што реков… Вистината на крај секогаш излегува на виделина. #СоТебеСумСестро“, напиша Марсил.

Би можело да ве интересира

Емилија Кларк ја продаде куќата во Лос Анџелес за 4,4 милиони долари

Ана Ололовска

Кристи Свонсон во одбрана на Доналд Трамп

Ана Ололовска

Џим Кери со роденденска порака до „белите шовинисти“ меѓу републиканците

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џастин Тимберлејк проговори за своето второ дете со глумицата Џесика Бил

Ана Ололовска

Д-р Дре повторно обвинет за семејно насилство

Ана Ололовска

Хејли Бибер оди на психолог поради троловите

Ана Ололовска