Империјата на Џејми Оливер пропадна, тој им се заблагодари на вработените преку мејл

Од:

Познатиот готвач Џејми Оливер се соочува со голем пораз откако голем број од неговите ресторани беа затворени, а без работа останаа повеќе од 1000 луѓе.

Тој на своите вработени преку мејл им се заблагодари за соработката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) on

Џејми никому поединечно не рекол дека добил отказ но се обратил во мејл во кој пишувало:

-Знам колку е тешка оваа вест за вас и сакам да ве уверам дека ги истражив сите можности во изминативе месеци за да ја спасам работата. Направив се што можев, напиша Џејми и нагласи дека ќе ги исплати платите, пишува “24sata.hr”.

Џејми вложуваше во рестораните за да ги спаси, но тоа не му помогна.

-Во моментов, не можам физички да бидам со вас, но сакав на сите да ви се заблагодарам што го ставивте срцето и душата во нашите ресторани. Има многу работи со кои треба да се гордеете – Џејми пишува во е-поштата и додава:

– Нашите стандарди за храна секогаш не издвојуваа од конкуренцијата. Сите наши состојки беа од висок квалитет и произведени на траен и одржлив начин. Ми беше чест и задоволство да бидам дел од ова, па затоа тешко ми е да се збогувам.

– Луѓе, вие сте најдобри во вашата работа и знам дека наскоро ќе направите одлични работи. Искрено се каам и ви испраќам љубов, благодарност и што е најважно, ви посакувам среќа. Денес е многу тажен ден – истакна Џејми.

Би можело да ве интересира

Студија: Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик од мозочен удар

Тирамису со малини

Во Месецот на хуманост приготвени над 300 оброци за оние што немаат храна

А1он

Пиперки полнети со сирење

Предупредување: Топлото време ризик од труење со храна

Црното чоколадо делува слично како канабисот и го намалува ризикот од депресија