Илон Маск: Потребни ми се 1000 вселенски бродови за да изградам град на Марс

Од:

Директорот на компанијата за вселенска технологија „Спејс Екс“ Илон Маск најави дека ќе му бидат потребни 20 години и 1.000 вселенски бродови за да изгради град на Марс, што е негова долгорочна визија.

Одговарајќи на обожавателите на Твитер, Маск изјави дека „Спејс екс“ ќе мора да конструира околу 1.000 вселенски летала за транспорт на товар, инфраструктура и членови на екипажот на Марс во текот на 20 години, со оглед на тоа дека планетарното порамнување овозможува лет на Марс само еднаш во две години.

Маск неодамна изјави дека неговите трошоци за лансирање изнесуваат само околу два милиони долари по лет на вселенски брод, и дека крајната цел е да изгради „град кој ќе биде самоодржлив на Марс“.

Но, за да се воспостави постојан, одржлив град на Марс, прво мора да пристигне екипаж. Претходно е потребно уште нешто – а тоа е слетување на астронаут на Месечината. Тоа НАСА го постави како своја цел до 2024, а Спејс екс се надеваме дека таму ќе се спушти брод уште во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина