Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот

Од:

Богатството на основачот на „СпејсЕкс“, Илон Маск, се зголемило до 188.5 милијарди долари, стои во најновиот Индекс на милијардери на „Блумберг“. Со ова, Маск го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот.

Пораснатите акции на тргувањата на берзите денеска за 4.3 отсто на производителот на електро автомобили, Тесла, придонело за зголемување на богатството на Маск, пишува „Блумберг“.

-Чудно, напиша денеска тој во соопштение на Твитер во одговор на оваа информација.

-Добро, назад на работа, додаде тој.

Маск го освои второто место на рејтингот на Блумберг во ноември, надминувајќи го соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејст моментално тежи 132 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски