Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Од:

Летот на американската авио-компанија „Американ“ беше одложен за повеќе од еден час поради рој пчели кои наидоа во крилото на авионот додека бил паркиран на меѓународниот аеродром во Далас „Fort Worth“.

Штом е утврдено дека постојат „слепи патници“, повикан е локалниот пчелар да интервенира, така што авионот би можел од Лас Вегас да се пренасочи за Франкфурт.

– За жал, откако пчеларот интервенираше, уште еден рој пчели одлучија да го посетат истото летало, изјави портпаролката на компанијата „Американ“, Андреа Хјуџли.

Пчеларот беше повикан да ги отстрани другиот рој пчели, кои никого не каснале.

Хјуџли рече, дека ситуацијата е невобичаена, но дека ова не е нивна прва средба со пчели. Таа додаде, дека тоа е нешто со што компанијата секако може да се справи.

Би можело да ве интересира

Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Ана Ололовска

Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Ана Ололовска

ФОТО: Пожарникари во Австралија спасиле човек заглавен во машина за перење

Ана Ололовска