Иглуто како начин за продолжување на сезоната на тераси во рестораните

Од:

Угостителите ширум светот се борат да ги задржат гостите во оваа корона-криза, особено зимава која доаѓа. Така, вештачките иглуа се сè попопуларни во ова време на пандемија.

Еден ресторан во Бостон дојде на идеја да им пружи на гостите целосно уживање, така што, по замисла на сопственичката Кристин Канти, наместиле иглу на отворено. Се чини, на необично големиот број посетители тоа им се допаѓа.

– Се надеваме дека ова ќе му помогне на нашиот бизнис, како едно продолжување на сезоната на терасите. Во овој миг, тешко е да се каже дали ќе си ја вратам инвестицијата. Зависи и од тоа какво ќе биде времето оваа зима и колку ќе трае таа, изјави Канти.

Ресторанот се наоѓа на крајбрежјето, а иглуто им овозможува на гостите да уживаат во погледот кон океанот при оброкот.

– Сите се обидуваме да бидеме креативни да ги натераме гостите да се вратат и да се чувствуваат безбедно во оваа средина, вели Канти.

Би можело да ве интересира

Отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија повторно одложено

Ана Ололовска

Најдобрите мали градови за живеење во светот

Ана Ололовска

Село во Велс се продава за милион фунти

Ана Ололовска

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Саудиска Арабија гради луксузно песочно одморалиште

Ана Ололовска

Градот Азбест во Канада го менува името

Ана Ололовска