И кафето дебелее?

Од:

Ако пиете повеќе од пет шолји кафе дневно, можете да се здебелите и да го зголемите ризикот од добивање дијабетес, предупредуваат научниците.

Претходни студии покажаа дека умерен внес на кафе може да поттикне слабеење, но тоа треба да се земе со резерва, сметаат австралиски истражувачи, пренесува „Дејли мејл“.

Тие врз глувци ги тестирале ефектите на т.н. хлорогенска киселина (CGA) која се наоѓа во кафето и откриле дека оваа состојка може да спречи губење на килограмите и да доведе до отпорност на инсулин.

Истражувањето објавено во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ покажало дека е потребно да се внесат пет шолји кафе на ден за да CGA делува на тој начин.

Кај дебелите глувци оваа состојка исто така влијаела на засилена интолеранција на глукоза, односно ја зголемила отпорноста на организмот на инсулин.

– Сите знаат за ефектите на кофеинот, но треба да имаат предвид дека други состојки на кафето можеби немаат позитивно влијание на нашето здравје. Затоа е многу важно кафето да го конзумирате умерено, вели Ванс Метјус, еден од авторите на студијата од Инстутутот за медицински истражувања на Западна Австралија.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов