Хвар прогласен за најубав остров во Европа

Од:

Хрватски Хвар е прогласен за најдобар и најубав остров во Европа, од читателите на познатото и ценето списание „Конде наст травелер“.

Зад него се грчките острови Миконос, Закинтос, португалска Мадеира и италијанска Искија. Написот истакнува дека Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими, посочувајќи ја добро познатата статистика за Хвар – дека ова е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно.

Со вкупна оценка од 96,56 / 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки.

Ова светски престижно списание го нагласува и богатото историско наследство на Хвар, истакнувајќи ја Тврдината Фортика како споменик на културата кој мора да се посети. Исто така, се истакнува и познатата жетва на хрватска лаванда на Хвар, која станува една од главните особености во летните месеци.

Хвар ја освои титулата најдобар европски остров и 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прошетка „низ воздухот“ во Њујорк

Ана Ололовска

Лондонскиот новогодишен огномет откажан вторпат по ред

Ана Ололовска

Статуата на Христос спасителот ја слави 90-годишнината

Ана Ололовска

Французин тргна пеш на пат околу светот

Ана Ололовска

„Велт“ со репортажа за пеликаните на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Кинезите гласаат за најгрди нови изградби

Ана Ололовска