Хуавеи ја претстави Порше Дизајн верзијата на смартфонот Mate 9

Од:

Хуавеи се здружи со компанијата Порше Дизајн и произведе нова верзија на својот најдобар смартфон Mate 9. 

Се работи за ограничена верзија на смартфон кој чини 1.395 евра, а Хуавеипо тој повод објави соопштение.

„Porsche Design Huawei Mate 9 поседува заоблени рабови и најнова технологија, која ја следи интуитивен кориснички интерфејс. Уредот оддава софистицираност благодарение на дизајнерскиот јазик на Porsche Design. Функционалниот дизајн, иновативната изработка и најмодерната технологија донесуваат на купувачите врвно искуство, револуционерна брзина и долготрајна батерија” – се наведува во соопштението.

Новиот смартфон се разликува според изгледот, но и по спецификациите.

Поседува 256 GB интерна меморија и 6 GB RAM, што е значајно подобрување во однос на 64 GB интерна меморија и 4 GB RAM за стандардниот Mate 9. Екранот е намален од 5,9 на 5,5 инчи, додека резолуцијата е зголемена од 1920×1080 на 2560×1440 пиксели. Камерите останаа исти, како и батеријата од 4.000 mAh.
Продажбата почнува во јануари. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ