Храна која предизвикува гасови кај бебињата

Од:

Бебињата секојдневно испуштаат гасови и тоа е сосем нормална и природна појава. Но, понекогаш може да се случи тие да се чувствуваат непријатно поради некои намирници што предизвикуваат повеќе гасови од вообичаено.

Бебето ја обработува храната на ист начин како и возрасниот човек. Значи, ако знаете дека одредена храна Ви прави проблеми, внимавајте на истата реакција кај вашето дете. Обично, ова се намирниците на кои треба да се внимава: грав, брокула, зелка, карфиол, житарици, овесна каша, кајсии, сливи, праски, круши, сливи, цитрони…

– Ако овие намирници се виновни за гасот, тој ќе се појави за неколку часа. Хранливите материи и храната богата со растителни влакна е најдобра за новороденчињата, објаснува педијатарката Џенифер Шу.

Таа додаде дека гасовите не се проблем сами по себе, но тие понекогаш предизвикуваат непријатност. Во крајни случаи, се препорачува и разговор со лекар.

Би можело да ве интересира

Децата кои минуваат повеќе време в природа, имаат посилен имунитет

Ана Ололовска

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост

Ана Ололовска

Растенија што го прочистуваат воздухот во домот

Ана Ололовска

Светот го одбележува Денот на видот

Ана Ололовска

Работа од дома: Пет грешки кои ѝ пречат на вашата кариера

Ана Ололовска

Попладневната дремка не треба да трае подолго од 40 минути

Ана Ололовска