Храна која е лоша и нездрава за бебињата

Од:

На бебињата не им се потребни многу калории, но им требаат хранливи материи и здрави состојки. Сепак, некои намирници кои обично им се нудат на бебињата во основа се целосно безвредни и нездрави.

Тоа, обично, е храна богата со калории, шеќер или сол и сиромашна со хранливи материи. Овој нутритивен дефицит може дури и да му штети на развојот на новороденчето, смета Кристин Гербштат, докторка од американската Академија за исхрана и диететика.

Таа пред сѐ, препорачува да се избегнува цврста храна. Тврдата, леплива, крупна, лизгава храна не е безбедна за малите деца, бидејќи може да доведе и до задушување. Тука се земаат предвид виршли, колбаси, поголеми парчиња месо и сирење, грозје, пуканки, голем сиров зеленчук, цели ореви, лешници, бадеми…

Според едно истражување од 2008 година, на некои бебиња им се даваат безалкохолни пијалаци секој ден – па дури и газирани сокови. Според стручните лица, газираните пијалаци не содржат апсолутно никакви хранливи материи, а конзумирањето значи помалку храна што му е навистина потребна на малото тело во развој. Исто така, овие сокови содржат многу шеќер, што може да предизвика расипување на забите и други здравствени проблеми.

Друг научен труд покажува дека околу 14 отсто од девет месечните деца јадат помфрит најмалку еднаш неделно. Тој број се зголемува на над 40 отсто кај 12-месечните деца. Тоа значи многу маснотии, шеќер, сол и калории и многу малку здрави хранливи материи.

Најдобро подготвената храна за бебиња е едноставна, има малку состојки, без додавање сол, шеќер или модифициран скроб. Здрав десерт погоден за деца е, на пример – печено, пасирано јаболко со малку цимет.

Користењето сок за засладување на храната, исто така, не е добра идеја. Шеќерите во сокот можат да го забрзаат варењето на храната, попречувајќи ја способноста на телото на бебето правилно да ги апсорбира хранливите материи.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов