„Хермес“ лансира нова еколошка патна торба „Викторија“

Од:

Француската модна куќа „Хермес“ претстави нова патничката торба „Викторија“. Таа е направена од еколошкиот материјал наречен „Силванија“ што изгледа како кожа.

Модниот бренд „Хермес“ претходно најави соработка со компанијата „Мајко-воркс“, што го создаде материјалот, што не е од животинско потекло, ниту пак, е пластика. „Силванија“ е изработен од мицелиум – мрежа од корени од габи, а наликува на кожа, според своите својства и изглед.

Новиот модел на патната торба „Викторија“ е изработен од овој иновативен материјал и ќе изгледа како производ од телешка кожа со боја на ќилибар. Цената засега не е позната, а ќе се најде во продажба до крајот на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска