Хејден Панетијер: Злоупотребата на дроги почна на 15 години кога ми дадоа „пилули за среќа“

Од:

Хејден Панетијер се борела со тајна зависност од опијати и алкохол.

32-годишната актерка откри дека нејзината зависност станала толку лоша што довела до распад на врската со боксерот Владимир Кличко, а во 2018 година ја испратила нивната ќерка Каја во Украина да живее со својот татко.

Во интервју за „Пипл“ таа вели: „Тој не сакаше да биде со мене. Јас не сакав да биде со мене. Но, со опијати и алкохол се чувствував среќна за момент. Потоа се чувствував полошо од претходно. Бев во циклус на самоуништување“.

А за одлуката да ја испрати ќерката да живее со Кличко, ѕвездата од Нешвил рече: „Тоа беше најтешкото нешто што некогаш морав да го направам. Но, сакав да бидам добра мајка за неа – а понекогаш тоа значи да ги пуштам да си одат.

„Никогаш немав чувство дека сакам да му наштетам на моето дете, но не сакав да поминувам време со неа“.

Хејден откри дека почнала да консумира дрога кога имала само 15 години, откако член од нејзиниот тим ѝ понудил „пилули за среќа“. Работите излегле надвор од контрола откако ја родила Каја во 2014 година и страдала од постпородилна депресија.

Морала да оди на рехабилитација осум месеци, откако пиела толку многу што ѝ била дијагностицирана жолтица, а во изминатата година имала интензивна терапија на траума и болничко лекување.