Хари и Меган тајно се преселиле во Санта Барбара за да им избегаат на папараците

Од:

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл тајно се преселиле во нова куќа во Санта Барбара, монденско гратче во близина на Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Според неименуван извор, двојката се решила на овој потег затоа што папараците не им даваат мир ним и на нивниот син Арчи во куќата што ја изнајмиле во Лос Анџелес, родниот град на Меган. Наводите говорат дека тие се преселиле во новиот дом пред неколку недели.

Не е соопштена точната локација на нивниот нов дом, ниту колку е голем или колку пари го платиле. Но, се наведува дека „тие внимателно ја одбрале куќата и дека тоа е местото каде планираат да бидат среќни, да стекнат пријатели и да го израснат Арчи“, давајќи му можност непречено да си игра со своите врсници.

Портпаролот на брачната двојка потврди дека се преселиле во нивниот нов дом во јули.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган Маркл подготвува голем проект

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ

Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

А1он