Хари и Меган останаа без кралските титули

Од:

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите Кралско височество и нема официјално да ја претставуваат британската кралица, објави Бакингамската палата.

„Хари, Меган и Арчи (нивниот новороден син) секогаш ќе бидат многу сакани членови на моето семејство“, се вели во изјавата на кралицата Елизабета.

„Ги разбирам предизвиците со кои се соочуваа поради големото внимание во јавноста во последните две години и ја поддржувам нивната желба да живеат самостојно“.

Кралицата додава дека е особено горда што Меган станала дел од семејството.

„Целото семејство се надева дека денешниот договор ќе им овозможи да започнат со градење на среќен и мирен нов живот“.

Хари (35) и неговата американска сопруга, поранешната актерка Меган Маркл (38), овој месец предизвикаа криза во кралското семејство, најавувајќи дека сакаат да ги намалат своите кралски должности и да минуваат повеќе време во Северна Америка со цел да станат финансиски независни.

Кралицата и нејзиното семејство во последниве денови се договараа со државните власти како ова практично да се спроведе.

Палатата објави дека Хари и Меган повеќе нема да примаат јавни пари за кралски должности и ќе ги вратат парите што ги потрошиле за реновирање на нивниот дом во Виндзор. Станува збор за 2,4 милиони фунти.

Промените стапуваат на сила напролет, објави палатата, одбивајќи да ги коментира безбедносните аранжмани направени за Хари и Меган.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска