Том Харди ќе биде наследник на Даниел Крег во серијалот филмови за Џејмс Бонд.
Харди е на чело на листата на идните актери, кои би ја исполниле улогата на Џејмс Бонд во филмовите за агентот 007, откако ќе истече договорот на Крег.
Иако Крег ќе ја рекреира улогата на Џејмс Бонд во следните два филма, веќе напорно се бара кој да го замени потоа, открива извор на весникот “Дејли стар”.
35-годишниот актер е опишан како идеален Бонд, почитуван актер со многу филмови зад себе, човек на кого другите претставници на посилниот пол сакаат да личат и со кого жените би сакале да бидат.