„Хамлетмашина“ осма премиреа на НУ Народен театар-Битола

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги заврши подготовките за претставата „Хамлетмашина“ од Хајнер Милер во режија на Урбан Андраш која викендов премиерно ќе биде изведена во просторот „Нова сцена“ во објектот на НУ Центар за култура-Битола.

– Со најновата театарска претстава во целост ја реализираме програмата што ја поддржа Министерството за култура, но и останатите активности по кои ќе ја паметиме оваа 2012 година, односно гостувањето во Лондон на културната олимпијада и во Санкт Петерсбург каде постигнавме голем успех, посочи директорот на НУ Народен театар-Битола, Валентин Светозарев.

Во претставата „Хамлетмашина“ ќе настапат Борче Ѓаковски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Маја Андоновска, Никола Пројчевска, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Сашо Огненовски и Соња Ошавкова.

– Соработував со театар за кој знае дека е подготвен за работа во секоја смисла на зборот и среќен сум што мојата прва претстава надвор од мојот театар во Суботица ја подготвив во Битола. Претставата презема дел од текстот на Хајнер Милер кој го документаризирам можеби поразлично од моите колеги кој нуди многу забава но и многу сериозни пораки што може да ги понуди театарот. „Хамлетмашина“ ја доживувам како нешто ново за мене и секогаш ќе ја паметам, рече меѓудругото режисерот Андраш.

Во текот на 2012 година битолските актери премиерно ги одиграа и претставите „Лет во место“ од Горан Стефановски во режија на Ненад Витанов, „Хенри Шести“ по Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел, „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројковски, „Така зборуваше Заратустра“ од Ф. Ниче во Режија на Ѕвездана Ангеловска, „Травничка Хронија“ од Андриќ во режија на Бранко Брезовец и кабаретските претстави „Само за вас“ и „Моја генерација“.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов