Хаблот часовници во чест на Ферари

Од:

Хаблот претстави три нови изданија Биг-Бенг часовници во ограничен број, во чест на 90. роденден на Скудерија Ферари…

Двата бренда официјално стапија во партнерство пред седум години, по што следеа бројни специјални изданија. Најновиот Хаблот часовник „Скудерија Ферари 90 Ениверсари“ е достапен во три различни верзии, инспирирани од постојните, но поранешни Ферари модели, а сè тоа искомбинирано со најсовремена часовничарска технологија.

Сите три модели содржат Хаблот УНИЦО механизам со хронограф и резервна батерија од 72 часа. Во продажба се пуштени 90 поединечни примероци и десет колекционерски сетови со сите три часовници.

Моделите чинат 34.600 долари, 40.900 и 69.000 долари.

Би можело да ве интересира

Минималистичка куќа во облик на дрвен шатор

Ана Ололовска

Накитот „Веркстат“ – успешна оригинална дизајнерска приказна

Ана Ололовска

Шумска куќичка во облик на спирала

Ана Ололовска

Проѕирен базен на покрив од 55-катница во Лондон

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Македонски павилјон на Прашкото Квадриенале

Ана Ололовска

Луксузен швајцарски „биткоин“ часовник

Ана Ололовска