Гвардиола цел на хакер – му украле податоци заради изнуда од 100.000 фунти

Од:

Пеп Гвардиола е во средиштето на полициска истрага, откако, наводно – хакер се обидел да му продаде негови лични електронски пораки за 100.000 фунти.

Мажот е уапсен во Манчестер. Се сомничи дека го хакирал мејлот на тренерот на Манчестер Сити, додека работел на Етихад 2017 година.

Осомничениот вели дека тоа била „најлесната работа на свет”. Влегол во мејлот од својот мобилен и така ги снимил приватните пораки, сосе доверливи податоци за трансфери и целиот список контакти.

Човекот се обидел да изнуди 100.000 фунти, барајќи да биде исплатен во криптовалути Биткоин. Полицијата го уапси мажот во понеделникот, па следел претрес на неговата куќа и мобилните телефони, како и на мејл-адресите. Наводно бил вработен во клубот Манчестер Сити од 2016. до 2018 година.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он