Градот Азбест во Канада го менува името

Од:

Жителите на градот Азбестос во канадската покраина Квебек на референдум изгласаа промена на името на тоа место. Целта е да се дистанцираат од тој некогаш се присутен минерал, кој сега се смета за отровен.

Вкупно 51,5 отсто од жителите на гратчето каде што некогаш се наоѓал еден од најголемите рудници за азбест во светот, гласаа за промена на името. Меѓу петте понудени, тие се одлучија за името Вал-де Сурс (Долина на Изворите).

– Тоа е име што ја претставува нашата област, а особено инспирацијата што ни ја дава за иднината, рече градоначалникот Иг Гримар.

Градското собрание го потврди новото име, за кое сите жители на градот над 14-годишна возраст можеа да гласаат на референдум. Гримар изрази надеж дека новото име ќе стане официјално пред декември.

Градот Азбестос има околу 7.000 жители и се наоѓа на 150 километри источно од Монтреал. Изграден е кон крајот на 1870-тите, откако во близина е отворен рудник за азбест.

Би можело да ве интересира

Отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија повторно одложено

Ана Ололовска

Најдобрите мали градови за живеење во светот

Ана Ололовска

Село во Велс се продава за милион фунти

Ана Ололовска

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Саудиска Арабија гради луксузно песочно одморалиште

Ана Ололовска

Иглуто како начин за продолжување на сезоната на тераси во рестораните

Ана Ололовска