Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес изјави дека неговата администрација е согласна во целост да го финансира новиот филм на Вуди Ален.
– Навистина би сакал да дојде. Направив се, дури и разговарав и со неговата сестра и му испратив авионски билети преку неговиот сосед во Њујорк. Ќе направам се што е потребно тој да дојде, рече градоначалникот.
Тој истакна и дека локалните писатели и актери ќе приговараат доколу тој навистина го финансира новиот филм на Ален, но оти тој е подготвен на тоа.
„РиоФилм“ се обидува веќе со години да го привлече филмскиот гениј во овој дел од светот за да снима филм, но досега обидите беа неуспешни.