Град во Индија каде живеат само вегетаријанци

Од:

Палитана е мало гратче во округот Бавганар во Индија каде што сите жители се вегетаријанци. Ова е првиот целосно вегетаријански град во светот, но и најсветото место за следбениците на религијата џаинизам.

Во градот има 863 храма, а местото е толку религиозно, што во 2014 година 200 монаси штрајкуваа со глад за да се затворат 250 месарници во околината, како и заради забрана на ритуалното убивање животни.

Владата потоа го прогласи градот за „зона без месо“.

Џаинизмот не претставува верување во ниту едно божество. Основан е во 6. век п.н.е. и се заснова на ненасилство кон сите живи суштества. Џаинистите веруваат во повторно раѓање и дека добрите во следниот живот, кога повторно ќе се родат, како награда добиваат повисок ранг. Точниот број џаинисти не се знае, но градот Палитана годишно го посетуваат четири до пет милиони аџии.

Млечните производи не се забранети.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов