Голем метеор седум секунди го осветлуваше небото над В. Британија

Од:

Голем метеор синоќа го осветли небото над Велика Британија и го привлече вниманието кај луѓето кои имаа можност да присуствуваат на небесниот спектакл.

Вселенското тело било забележано нешто пред 22 часот по локално време и можело да се види околу седум секунди. Британската „Служба за метеори“ – група астрономи-аматери кои снимаат вакви појави од 2012 година, напиша на Твитер дека метеорот изгледал како огнена топка.

„На две видеа можеме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно и е видливо како тоа тело се распаѓа во Земјината атмосфера“, се вели во твитер-објавата.

Метеорот бил снимен од градовите Манчестер, Кардиф, Хонитон, Бат, Мидсомер Нортон и Милтон Кинс.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата