Гит-Лаб објави забрана за вработување на инженери Кинези и Руси

Од:

Платформата за безбедност на компјутерски кодови, Гит-Лаб објави забрана за Кинези и Руси да работат за компанијата како инженери за поддршка и проценка на сигурноста и заканите.

Гит-Лаб е фирма со седиште во Украина, која опслужува големи американски компании и конгломерати, како НАСА, Спејс-Икс, Ај-би-ен и други.

Во изјава за „Глобал тајмс“ се наведува дека новите ограничувања се должат на „нестабилната внатрешна атмосфера во САД откако службите за безбедност ги вклучија Кина и Русија во земјите извори на киберзакани“.

Според Наташа Вудс, постар менаџер за корпоративни комуникации на Гит-Лаб, компанијата сѐ уште го разгледува списокот ограничувања.

– Во овој миг нема службеници од Кина, Русија и Северна Кореја, кои работат како инженери за поддршка и инженери за оценка на сигурноста, изјави Вудс.

Би можело да ве интересира

„Епл“ го одложи претставувањето на новиот „Ајфон“

Ана Ололовска

Уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Ана Ололовска

Први фотографии од новиот „Галакси воч 3“

Ана Ололовска

Кибер-око функционира исто како човечкото око

Ана Ололовска

Епл го претставиот новиот поевтин Ајфон од моделот СE

А1он

Епл есенва претставува четири нови смартфони

Ана Ололовска