Светски рекорд: Американец уловил 2.645 риби за 24 часа

Од:

Професионален риболовец од американската сојузна држава Илиноис, неофицијално, го подобрил сопствениот Гинисов рекорд. Имено, тој фатил 2.645 риби во време од 24 часа.

Џеф Колочински е познат по прекарот „Маратонец“. Неговиот официјално признат Гинисов рекорд е 2.172 риби уловени за 24 часа, во 2019 година.

Според Колочински, доказите од неговиот нов обид за рекорд ќе бидат обезбедени за разгледување од Гинисовата книга на рекорди. Рибарот се надева дека и неговото ново достигнување ќе добие официјално признание.

Со новиот подвиг, рибарот собира средства за фондацијата „Риболов за живот“. Тој се надева дека ќе се соберат барем 20.000 американски долари за добротворни цели.

Би можело да ве интересира

Почина наjстариoт мaж вo светот

Ана Ололовска

Најстариот човек на светот повторно е Јапонец – има 112 години и 344 дена

Ана Ололовска

Жени од Словенија се обидуваат да го соборат Гинисовиот рекорд во плетење

Ана Ололовска

Над 4000 граѓани се обидоа ја направат најголемата елка од луѓе

Татјана Ташкова

Град Скопје: Придружете ни се, да направиме најголема елка од луѓе за Гинис

Ана Ололовска

Рекорд за Гинис: Најстариот брачен пар заедно има 211 години

Татјана Ташкова