Гигантска разгледница на глечер на Алпите

Од:

Деца од целиот свет ја изразија својата загриженост поради глобалноот затоплување и климатските промени, помагајќи во изработката на најголемата разгледница на светот на еден глечер на швајцарските Алпи.

На глечерот Алеч, на надморска височина од 3.400 метри, се поставени повеќе од 125.000 поштенски картички со рачно испишани пораки за надеж на деца од целиот свет, кои образуваат една огромна разгледница со димензии на половина фудбалско игралиште.

Како што соопштија организаторите на овој настап, разгледницата претставува „повик за помош од Њу Орлеанс до Хонк Конг и од Подсахарска Африка до Индија“, во пресрет на Конференцијата на ОН за климата, што следниот месец ќе се одржи во Полска.

Вработени во швајцарската Агенција за развој и соработкаа и нејзините партнери ги поставија разгледниците токму на глечерот Алеч, бидејќи се проценува дека ако продолжи ваквото темпо на глобално затоплување, до крајот на векот на него ќе се истопи целиот мраз.

Би можело да ве интересира

На швајцарските Алпи исчезнаа шест скијачи, пронајдени се пет тела

Горан Наумовски

Трагедија на Алпите: Двајца планинари загинаа, едниот се лизнал и го повлекол другиот во смрт

Трагедија во Франција: Автобус полн со деца се урна по падина

На северните Алпи денеска се измерени рекордно високи температури

ВИДЕО: Две жени замрзнаа на италијанскиот дел од Алпите

Катерина Ѓуровски

Седуммина загинати во две лавини на француските Алпи