Германскиот РТЛ ангажираше украинска водителка на вести

Од:

Германскиот телевизиски сервис РТЛ ангажираше водителка од Украина да води информативни програми наменети за оние кои ја напуштија својата татковина поради руската инвазија.

Tелевизија објави дека Каролина Ашион од понеделник до петок ќе води 10-минутна информативна програма на украински јазик и дека е наменета за речиси 200.000 луѓе кои побегнале од Украина во Германија.

Малта Баумбергер, менаџер на проектот „Украина ажурирање“ за програмата РТЛ, рече дека емитуваат вести на украински со желба да допрат до луѓе кои ја напуштиле својата земја и не зборуваат англиски и други светски јазици.

Ашион пристигна во Германија пред една недела, по напорното патување од Киев преку Молдавија и Романија.

Нејзините машки колеги, на кои не им е дозволено да ја напуштат Украина ако се на возраст меѓу 18 и 60 години, продолжуваат да емитуваат телевизиски програми од засолништата во главниот град на земјата, Киев, рече таа.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин