Германка им оставила на соседите наследство од 6,2 милиони евра

Од:

Жителите на округ од шест села во централна Германија неочекувано добиле 6.2 милиони евра откако една нивна сосетка ѝ ја оставила животната заштеда на локалната заедница, јавуваат локалните медиуми.

Ренате Ведел живеела во Валдсомс кај Хесе, од 1975 година. Сопругот Алфред, кој бил многу успешен во тргувањето на берзите, починал во 2014 година, додека Ренате, која од 2016 година живеела во старски дом во Франкфурт, починала лани во декември, на 81 година.

Во април годинава, округот Валдсом добил информација дека Ренате го оставила целиот свој имот во депозити во банки, акции и вредни предмети, на локалната власт во шесте села во округот, под одредени услови.

Во тестаментот на починатата жена пишувало дека целиот имот ѝ го остава на својата сестра, но и таа во меѓувреме починала. Следен во редот за наследството бил округот во кој Ренате ги поминала последните 44 години од животот.

„Прво мислев дека ова не е можно. Мора да имало грешка во запирките, нешто тука не е во ред,“ вели локалниот градоначалник Бернд Хајне.

Округот исто така добил и имот во Вајперфелден, кој отпрво бил планиран како оставнина, но бил одбиен од оригиналниот наследник поради високите трошоци на одржување на куќата и другите згради.

Локалните власти имаат обврска парите да ги трошат на „инфраструктура и објекти во полза на заедницата“, а во процесот на одлучување да бидат вклучени сите. Жителите веќе дадоа некои предлози, како изградба на велосипедски патеки и градинка.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени