Германците протестираат против цената на пивото на „Октоберфест“

Од:

Цената на пивото на овој прочуен фестивал во последната деценија пораснала за 43%, па така просечната цена за литар пиво на овогодинешниот „Октоберфест“ ќе изнесува 9,35 евра, што е за 0,35 евра поскапо од лани. Бидејќи во текот на фестивалот се продаваат околу 7,5 милиони литри пиво, тоа значи дека организаторите само од разлика на цената ќе инкасираат повеќе од 2,5 милини евра.

Има најава дека една асоцијација ќе иницира потпишување на петиција како притисок врз организаторите за намалување на цените на пивото.

„Бараме највисоката цена на пивото да биде 7,10 евра за литар“ рече Јан Улрих Битлингер, претседател на асоцијацијата.

Кампањата ќе започне на 22 септември, денот на отварањето на 16- дневниот фестивал. Од асоцијацијата се надеваат дека ќе соберат 30-40 илјади потписи колку што е потребно за одржување на официјален референдум. Исто така дел од барањата ќе биде и ограничувањето на годишното зголемување на цената на пивото да не биде поголемо од 0,15 евра.

Организаторите покрај петицијата имаат уште еден проблем. Имено заради зголемената потрошувачка на пиво ова лето, предизвикана од тропските горештини, пивниците немаат доволно шишиња и буриња за потребите на фестивалот.

„Драги жители на Минхен, вратете ни ги шишињата и бурињата. Ни требаат“ испрати апел менаџерот на пивницата „Paulaner“ и „Hacker Pschorr“.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт