„Ганс ен роузес“ објавуваат сликовница за деца

Од:

Рок-групата „Ганс ен роузес“ објавува сликовница за деца, инспирирана од една од нивните најпознати песни – „Sweet Child of Mine“ oд 1988 година. Дел од проектот е и писателот Џејмс Патерсон.

– Како вечен обожавател на групата, јас сум возбуден што работам со нив и што ја оживеав познатата песна низ слики и приказна. Сликовницата ја слави љубовта и музиката и како сѐ тоа го разубавува животот на најубав можен начин, изјави Патерсон.

Приказната „Слатко мое дете“ е за Наталија и Маја – ќерка и внука на менаџерот на групата Фернандо Лебелс, и ги прикажува нивните авантури со турнеите на бендот.

Ова не е прв пат Патерсон да соработува со други. Тој неодамна ја издаде и книгата „Претседателот исчезна“ – со поранешниот американски претседател Бил Клинтон. За групата „Ганс ен роузес“, ова е прв ваков ангажман. Сличен проект имаше и Пол Макартни од „Битлс“, лани, кога ја објави „Еј Грандуд!”

Би можело да ве интересира

Вработен во Старбакс во Сан Диего добил „интернет бакшиш“ од речиси 100.000 долари

Ана Ололовска

Се продава родното место на Че Гевара

Ана Ололовска

Вo руините на полски замoк пронајден ковчег со сребро од Втората светска војна

Ана Ололовска

Јела Вонк заработува стотици илјади од својата носена долна облека

Ана Ололовска

На протест тргнала со транспарент, дома се вратила со свршенички прстен

Ана Ололовска

Чеченија: Субвенции за невеста

Ана Ололовска