Фронтменот на групата „Кис” во посета на Белата куќа и Пентагон

Од:

Фронтменот на американската рок-група „Кис”, Џин Симонс, синоќа беше во посета на Белата куќа и Пентагон.

Симонс е поддржувач на политиката на претседателот Доналд Трамп, но нема информации дали имал средба со американскиот претседател.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, потврди дека не се сретнала со него. Облечен во црни панталони и јакна, Симонс бил забележан како стои настрана од другите посетители на Белата куќа на скалилата кои гледаат на јужната порта од каде бил испратен Трамп, кој заминал со претседателскиот хеликоптер.

Фронтменот на „Кис”, кој годинава полни 70 година, подоцна го посети и Пентагон и во просторијата за прес конференции одржа краток говор во поддршка на американската армија.

Би можело да ве интересира

Која од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Почнува фестивалот на електронска музика „Грин бич“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на Лозано – „Не те вадам од памет“

Ана Ололовска

Откажан вториот „Вудсток” фестивал

Ана Ололовска

Која од „Дисциплина кичме“ хоспитализиран поради мозочен удар

Ана Ололовска

Песната „Dark Horse” на Кејти Пери е плагијат