Петро Водкинс е руски уметник кој е посветен на истражување на модерната уметност.
Популарните теми со кои се бавел тој се перцепцијата на убавината, истражување на моќта и медиумите. Многу значаен аспект од неговата уметност е употребата на комуникациски платформи, не само во својство на појачували, туку и сцена на која тој ја претставува својата уметност.
„Звук на моќта“ е негов прв обид на развоен проект кој претставува концепт на употреблива уметност.
Звучниците „Звук на моќта“ претставуваат оддавање чест на некогашните порцелански фигури и бисти кои нашите претци ги собирале – „бели“ луѓе и беспрекорно изрезбарени дами, кои не потсетуваат на нешто поголемо од нашите обични животи и не инспирираат со својата големина.
Креирани во Русија и рачно направени во Шведска, овие бисти-звучници се дел од вистинска корисна уметност и идеални колекционерски предмети во исто време.