Фотографиите на синот на славниот актер, Клинт Иствуд го преплавија интернетот, откако се сликаше за октомвриското издание на списанието „Town & Country“.
27-годишниот Скот Иствуд воодушеви со харизмата и изгледот, и многу потсетува на татко му, 83-годишниот Клинт.
Иако Скот не е популарен колку неговиот татко, веќе има глумено во неколку филмови како „Flags Of Our Fathers“, „Invictus“, „Chasing Mavericks“, „The Lion of Judah“ и многу други.
„Сакам да бидам свој човек, а не да ме препознаваат како синот на славниот актер или како некоја краткотрајна ѕвезда“, рече Скот.