Реновираната и проширена „G3 House” се наоѓа во романскиот град Отопени. Сопствениците сакале нивната куќа од 100 метри квадратни, вклучително подрум, приземје, прв кат и поткровје, да станат попросторни и помодерни.
На старата куќа додадено е модерно проширување, кое со конструкцијата потсетува на оригами уметноста.
Сега куќата е 179 метри квадратни, а во проширувањето е сместена дневната соба.
Во проширената дрвена платформа има базен, тераса и простор каде се наоѓа градината.