ФОТО: Сони звучници за секоја пригода

Од:

Сони на ИФА саемот во Берлин претстави повеќе звучници прилагодени за различни животни ситуации, меѓу кои и Шејк 5 со 2.400 вати моќност.

Преносливиот безжичен звучник СРС-БТС50 може да се поврзе со уреди како што се смартфони и таблети преку блутут и НФЦ технологија, а е отпорен на вода. Звучникот има вградена батерија што со едно полнење овозможува до 10 часа работа.

soni-zvucki1

Саундбар звучниците ХТ-СТ7 со 7.1 канал и 450 вати, како и ХТ-СТ3 со 4.1 канал и 180 вати се наменети за дневната соба, а исто така, овозможуваат поврзување преку блутут технологија со различни уреди. Карактеристични се по тенкиот дизајн со голем број мали звучници што создаваат сараунд звук.

soni-zvucki3

За љубителите на гласна музика тука е Сони Шејк 5, што нуди 2.400 вати моќност. Шејк 5, исто така, поддржува поврзување преку блутут или НФЦ, а има и ЛЕД светла за создавање светлосни ефекти во согласност со музиката.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска