Шведското архитекторнско студио „Белачев Аркитектер“ изгради несекојневна компактна минималистичка викендичка од дрво, која се карактеризира со покривна тераса.
Викендицата е иделано осветлена и е совршено прилагодена на секојдневните животни потреби, но може лесно да се пренамени и во канцелариски простор, уметничко студио, гостинска куќа или игротека.
Она што посебно паѓа во очи кај оваа градба се страничните скали, оплемненти со билки, кои водат до терасата на покривот. Под скалите е сместена оставата, но тој дел би можел по потреба да се пренамени и во мала кујна, со што би се добил поголем простор во останатиот дел од куќата.
Викендицата има лизагачка стаклена врата, од двете страни надополнета со големи прозорци, со што се создава впечаток на поврзаност на ентериеот со околината и во исто време овозможува влез на многу светлина во внатрешноста.