Објектот се наоѓа во Тсујидо и претставува интегрирање на семејна куќа во нејзиното природно опкружување.
Приземјето е поделено во три зони, кујна и трпезарија, животен простор и комунална област. Овие површини се заедно, но сепак се одвоени со бетонски секции, така создавајќи различни места за поединечни функционални простории.
На првиот кат има две спални соби и тераса која пружа приватност, но во исто време обезбедува многу природно светло.
Архитектите искористиле елементи инспирирани од традиционалните јапонски домови, вклучително и отворениот простор на приземјето и косата конструкција на покривот. Отворената челична конструкција на покривот го проширува просторот и додава индустриски, но пред се софистициран, изглед.
Куќата е изградена на нерамна парцела и кујната и трпезаријата се вкопани во земја. Разликата во висината овозможува светлината да продре во амбиентот и да создаде природен пат кој води кон градината.